Линкови за пристапност

Блинкен: Кина е најголем „геополитички тест“ за светот


Во говорот од Стејт департментот, тој истакна дека претседателот Бајден ја изложил стратегијата за „обновување на американската моќ“ на глобалната сцена со заложба да „предводи во дипломатијата“.

Американскиот државен секретар Ентони Бликен објави дека односите меѓу САД и Кина се најголем „геополитички тест за светот“ во овој век.

Во оценките коишто ги изнесе во првиот говор за правците на надворешната политика на САД, Блинкен рече дека „новата администрација на Бајден“ ќе ги воспостави односите со Кина од „позиција на сила“.

Тоа бара вклучување во дипломатијата и меѓународните организации, затоа што, кога ние се повлековме, Кина го пополни тој простор.
Блинкен, државен секретар на САД


„Тоа бара вклучување во дипломатијата и меѓународните организации, затоа што, кога ние се повлековме, Кина го пополни тој простор“, најави во соопштение Блинкен пред да го донесе обраќањето од Стејт департментот во Вашингтон.

Првиот дипломат на САД изјави дека официјален Вашингтон ќе продолжи да се натпреварува, соработува, но и да биде „конфронтирачки“, ако е неопходно со Кина, која според него е „единствена држава со економска, дипломатска, технолошка сила што сериозно може да го предизвика стабилниот и отворен меѓународен систем“.

Во говорот од Стејт департментот, тој истакна дека претседателот Бајден ја изложил стратегијата за „обновување на американската моќ“ на глобалната сцена со заложба да „предводи во дипломатијата“.

За време на претседателството, претходниот претседател Доналд Трамп започна истоштувачки односи и трговска војна во Пекинг, отворено сугерираше дека коронавирусот доаѓа од лабораторија во Вухан, Кина, и ја предизвика армиската контрола на Кина, во проблематичните делови од Јужното Кинеско Море.

Справување со ширењето со глобалната пандемија, изградба на по инклузивни односи во глобална економија и адресирање на растечката глобални закани против демократијата
Блинкен, државен секретар на САД


Во заложбите од администрацијата на Бајден, државниот секретар Блинкен ја истакна заложбата за справување со ширењето со глобалната пандемија, изградба на по инклузивни односи во глобална економија и адресирање на растечката глобални закани против демократијата.

Обновувањето на односите со сојузниците, справувањето со климатските промени и охрабрување на „зелената еко-револуција за заштита на енергијата“, се најдоа на листата на приоритети во областа на технологијата, навести Блинкен.

Тој исто така потенцираше дека администрацијата на Бајден ќе побара јакнење и проширување на нуклеарната Спогодба, меѓу Иран и светските сили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG