Линкови за пристапност

САД бараат да се вратат во Советот за човекови права на ОН


САД се повлекоа од ова тело за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, со аргументи дека Советот не се однесувал фер кон Израел

Државниот секретар Ентони Блинкен вели дека САД ќе бараат да се вратат во Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН), кога ќе се одржат изборите подоцна годинава.

Во видеообраќање до Советот, Блинкен рече: „Ја бараме поддршката на сите членки на ОН во нашиот обид да го вратиме столчето во ова тело“.

Четириесет и седум членки во овој Совет имаат мандат по три години, и Блинкен рече дека САД би сакале да обезбедат еден за 2022-24 година.

САД се повлекоа од ова тело за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, со аргументи дека Советот не се однесувал фер кон Израел.

„Како што САД повторно се ангажираат, го повикуваме Советот за човекови права да разгледа како ја извршува работата. Тоа го вклучува и непропорционалниот фокус кон Израел“, рече Блинкен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG