Линкови за пристапност

Бајден објави цел – 70 отсто од Американците да се вакцинирани со една доза до 4-ти Јули


Од Белата куќа, Бајден порача дека неговата администрација планира да обезбеди 100 милиони дози во следните 60 дена, како дополнување на целта од најмалку 160 милиони возрасни да бидат целосно вакцинирани до Денот на независноста.

Американскиот претседател Џо Бајден ја објави целта – 70% од американската популација да прими најмалку една доза од вакцините против Ковид-19 до Денот на независноста на 4-ти јули.

Од Белата куќа, Бајден порача дека неговата администрација планира да обезбеди 100 милиони дози во следните 60 дена, како дополнување на целта од најмалку 160 милиони возрасни да бидат целосно вакцинирани до Денот на независноста.

Претседателот рече дека владата го менува фокусот од кампањата за масовна вакцинација кон помали мобилни клиники, но и ќе упати директива до аптеките, наместо да овозможуваат вакцинирање со закажување, секој да има можност да го стори тоа без претходно закажување на термин за вакцинирање.

Новата стратегија на Бајден доаѓа во време кога стапката на вакцинација на национално ниво почна да опаѓа, а експертите ваквите трендови ги аналиизраат дека Американците се уште го покренуваат прашањето за безбедноста на вакцините, како и оти младите и натаму сметаат дека не се ранлива група на луѓе на коронавирусот, и не се вакцинираат.

Бајден најави дека владата е подготвена веднаш да почне процесот на вакцинација за младите Американци ако Администрацијата за храна и лекови ја авторизира вакцината на Фајзер за ученици на возраст меѓу 12 и 15 години. Авторизирање се очекува најрано следната недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG