Линкови за пристапност

Помош од ЕУ: 4860 „Фајзер“ вакцини, пристигнаа во Северна Македонија


4860 „Фајзер“ вакцини, помош од Европската унија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

4860 „Фајзер“ вакцини, помош од Европската унија

Тие се дел од вкупно 120.000 дози што ЕУ ќе ги испорача до крајот на летото.

Почетокот на имплементирањето на овој механизам на Брисел за помош на Западен Балкан беше причината за денешната посета на министерката за ЕУ на Австрија и на еврокомесарот за проширување.

Сепак, солидарноста на ЕУ за земјите-кандидатки не изостана.
Заев, премиер на Северна Македонија


„Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините против ковид-19. Сепак, солидарноста на ЕУ за земјите-кандидатки не изостана. Во тоа име дозволете да ја изразам благодарноста на граѓаните.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Ова е добар ден за Западен Балкан, ова е подарок од ЕУ за Северна Македонија за да ја преброди пандемијата, порачаа Каролине Едштадлер и Оливер Вархеји.

Вкупно 650.000 дози за земјите од регионот, од кои 120.000 за С. Македонија. Овој гест е сигнал за посветеност на овој регион
Едштадлер, министерка за ЕУ на Австрија


„Денеска е ден на надеж. Навистина сум горда што Австрија беше во можност да придонесе и да го олесни процесот на овозможување вакцини за западниот Балкан. Вкупно 650.000 дози за земјите од регионот, од кои 120.000 за С. Македонија. Овој гест е сигнал за посветеност на овој регион.“, изјави Каролине Едштадлер, министерка за ЕУ на Австрија.

Покрај вакцините, второто клучно прашање за кое денеска државниот врв во Скопје разговараше со австриската министерка и со еврокомесарот беше можноста за одредување датум за одржување на првата Меѓувладина конференција, процес блокиран поради бугарското вето. Вархеји не ја исклучи можноста Албанија да се издвои, а С. Македонија повторно да остане сама во европската чекална.

Мора напорно да работиме, се уште не сме таму. Мора да се согласат сите земји-членки, што значи дека мораме да најдеме решение за случајот на С. Македонија треба одлука од сите земји-членки.
Вархеји, еврокомесар за проширување


„Мора напорно да работиме, се уште не сме таму. Мора да се согласат сите земји-членки, што значи дека мораме да најдеме решение за случајот на С. Македонија треба одлука од сите земји-членки. Дали е можно одвојување на Албанија и С. Македонија.... Ова е процес темелен на постигнувања, а кога ги гледаме постигнувањата на Албанија, таа ги исполни сите барања. Оттука, ако нема договор во однос на С. Македонија, може да дојде моментот кога ќе треба да ја разгледаме можноста за одвојување на двете земји. Се надевам дека тоа нема да се случи“, истакна Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

За тоа сценарио да не се оствари, неопходно е и Бугарија да се согласи за почеток на преговори, чекор што зависи од тоа дали Софија и Скопје ќе постигнат договор за чувствителните прашања кои бугарската страна ги отвори.

Извесно е дека тоа наскоро нема да се случи зашто Бугарија се подготвува за нови избори откако ниту една од водечките партии не успеа да формира влада по априлските парламентарни избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG