Американскиот производител на медикаменти „Модерна“ се заложи да обезбеди 500 милиони дози на вакцината против Ковид-19 за Ковакс, глобалната иницијатива за споделување на вакцини на Обединетите Нации.
Компанијата соопшти дека ќе ги обезбеди првите 34 милиони дози до крајот на годината, а остатокот би бил испорачан во текот на 2022-та, по „најниска можна цена“.
Ковакс има за цел да дистрибуира 2 милијарди дози на вакцини за сиромашните земји во 2021-та, но досега има обезбедено само 49 милиони.