Линкови за пристапност

Бајден се среќава со советници од неговиот транзиционен тим


U.S. President-elect Joe Biden, accompanied by his wife Jill, attends a Veterans Day observance in Philadelphia, Pennsylvania, Nov. 11, 2020.

Сојузниците на САД во Европа, вклучувајќи го британскиот премиер Борис Џонсон, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел му честитаа на Бајден, игнорирајќи го повикот на Трамп дека допрва ќе победи на гласањето.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден се среќава со советници од тимот за транзиција во време кога продолжува со плановите за преземање контрола врз американската влада кога ќе биде инаугуриран на 20-ти јануари.

Проекции од изборите во САД
Проекции од изборите во САД

Проектираниот победник на изборите на 3-ти ноември, Бајден, именуваше бројни советници кои треба да ги преземат операции од агенциите ширум владата. Тој најави дека ќе објави некои клучни позиции пред годишниот Денот на благодарноста на 26-ти ноември.

Претседателот Трамп не го призна наводниот пораз од Бајден на изборите минатата недела, и поднесе бројни тужби против исходот во неколку клучни сојузни држави.

Трамп на Арлингтонските гробишта за Денот на Ветераните во САД
Трамп на Арлингтонските гробишта за Денот на Ветераните во САД

Со недоволно изложени докази досега, Трамп тврди дека нерегуларностите поврзани со броењето и пребројувањето го чинеле да загуби на изборите. Тој бара да се поништи победата на Бајден и тврди дека обезбедил втор мандат во Белата куќа.

Засега, многу судии ги отфрлија тужбите од Трамп и други, пак, треба допрва да ги земат во предвид. Изборни аналитичари коишто ги интервјуираше Гласот на Америка и други новински организации, велат дека не веруваат оти победата на Бајден ќе биде преразгледана.

Според неофицијалното броење на гласовите, Бајден освоил повеќе од неопходните изборните 270 Електорски гласови за да стане претседател. Тој води во броењето на гласовите во уште две сојузни држави, Џорџија и Аризона, и евентуално може да го зголеми водството на 306 спрема 232 според Изборниот колеџ.

Евентуалниот, конечен резултат, од Изборниот колеџ на Бајден би бил ист од 2016-та, кога Трамп, неочекувано ја победи демократката Хилари Клинтон.

Сојузниците на САД во Европа, вклучувајќи го британскиот премиер Борис Џонсон, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел му честитаа на Бајден, игнорирајќи го повикот на Трамп дека допрва ќе победи на гласањето.

Кетлин Хикс, виша потпретседателка и директорка на програмата за меѓународна безбедност го предводи тимот за разгледување на операциите во Одделот за одбрана. Во Стејт департментот, тоа го прави Линда Томас Гринфилд, поранешна заменичка државна секретарка за африкански прашања.

Додека Бајден ги продолжува дискусиите од неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, Трамп денеска учествуваше на Сеќавањето на Денот на ветераните на Арлингтонските гробишта, во близина на Вашингтон.

Трамп продолжува со поплаки за исходот на изборите преку Твитер, и постира коментари дека републиканците ги поддржуваат неговите тврдења дека бил измамен да не победи на изборите.

Но, анкетата што ја спроведе Ројтерс и Ипсос денеска објави дека речиси 80% од Американците, вклучувајќи и половина од Републиканците, сметаат дека Бајден е вистински победник на изборите.

Бајден рече дека одбивањето на Трамп да го признае поразот е „срамно“ и оти смета дека ќе се одрази врз „неговиот претседателски легитимитет“.

Иако Изборниот колеџ е пресуден во американските претседателски избори, Бајден води врз Трамп со 3,2 процентни поени и повеќе од 5 милиони гласови според севкупното бројка излезени да гласаат, но конечниот резултат се уште не е објавен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG