Администрацијата на претседателот Трамп допрва треба да почне со процесот на предавање кон транзицискиот тим на новоизбраниот претседател Џо Бајден во првичните фази од преземање на контролата врз владата.
Администрацијата за генерални услуги (ГСА), владина агенција во Вашингтон, е надлежна за одобрување на севкупното финансирање и ресурси за транзицискиот процес додека победникот „не е потврден“. Претседателот Доналд Трамп одби да признае пораз на изборите и тврди дека имало измами во броењето на гласови.
Владини експерти наведуваат дека е витално за транзицијата на власта да почне со гарантирање на трансферот на моќта.
Времето меѓу победата на претседателскиот кандидат на изборите и церемонијата за инаугурација е познат како „транзиција“. Транзицијата ја спроведува непрофитен тим назначен од новоизбраниот претседател, кој е различен од неговата кампања, персоналот, и неговиот партиски буџет.
Транзицијата одбележува почеток на комплексна задача од новоизбраниот претседател за преземање на администрацијата од федералната влада. За време на овој период, честопати, новоизбраниот претседател се фокусира на избирање на тесниот круг на сороботници во Белата куќа, предводени од шефот на Кабинетот, како и клучни позиции во неговата влада.
Претседателот назначува околу 4000 луѓе на разни позиции ширум владата, а за една четвртина од нив, е потребно сенатско потврдување. Тие извршни функции, назначени од претседателот ја надгледуваат работата на 2,1 милиони цивилни владините работници, и 1,4 милиони активен воен персонал, што се дел од федералната бирократија со годишен буџет - од 4, 5 трилиони долари.
Facebook Forum