Линкови за пристапност

Допрва ќе се бараат нерегуларности, Даштевски ги оцени изборите за генерално успешни


Среќен сум што изборниот процес помина без поголеми проблеми. Се гласаше регуларно, законски. Среќен сум што сè помина во најдобар ред, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски

Среќен сум што изборниот процес помина без поголеми проблеми. Се гласаше регуларно, законски. Среќен сум што сè помина во најдобар ред“, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на конференцијата за медиумите рано утринава, оценувајќи ги изборите за „генерално успешни“.

Како што истакна Даштевски, во текот на денот до ДИК пристигнале 286 приговори од граѓани за повреда на гласачкото право. Притоа 217 од приговорите биле прифатени, 19 одбиени, а 34 биле неосновани. Во процес на обработка се 16 од поднесените приговори.

На поставено новинарско прашање за евентуално поништување на гласањето на некои од избирачките места, Даштевски истакна дека допрва ќе се разгледуваат записниците. Од тие записници ќе зависи дали ќе има евентуални прегласувања


Гласањето, како што соопшти Даштевски, е завршено на сите гласачки места каде дојде до пролонгирање. Во тек е пребројување на гласовите кај одборите во гласачките места и кај општинските гласачки одбори.

„Избирачките одбори мора прво да ги пребројат гласовите. Дадовме налог тоа да се врши побрзо, зашто може да се праќа директно преку апликација“, рече претседателот на ДИК.


На поставено новинарско прашање за евентуално поништување на гласањето на некои од избирачките места, Даштевски истакна дека допрва ќе се разгледуваат записниците. Од тие записници, како што рече, ќе зависи дали ќе бидат донесени одлуки за евентуални прегласувања.


Седмите локални избори поминаа без поголеми инциденти и проблеми. Најголема пречка, на која реагираа граѓаните беа бројните застои што се случуваа на гласачките места и тоа поради употребата на електронските уреди за читање на отпечатоците од прсти. Од тие причини имаше пролонгирање на гласањата на 13 гласачки места низ државата.

Додека се чека на официјалните изборни резултати од ДИК, партиите почнаа со славење и да прогласуваат победи во дел од општините.

XS
SM
MD
LG