Линкови за пристапност

Скинати ливчиња, пијани гласачи, закани за бркање од работа: Обвинителството покренува постапки за изборни нерегуларности


Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави, велат од ЈО

Јавното обвинителство ќе покрене постапки за сторени кривични дела за време на вчерашните избори. Од таму соопштија дека до нив пристигнале голем број известувања, поднесоци и пријави за сторени изборни нерегуларности.

„По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави“, велат од Обвинителството.


Во Основното јавно обвинителство Скопје оформени се три предмети. Притоа се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг на политичка партија во текот на изборната кампања.

Во Основното јавно обвинителство Скопје оформени се три предмети. Притоа се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг


Предмет е оформен и по доставено известување од МВР за „Изнуда“ од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје. На оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и порака каде се спомнува бомба.

Во Скопје едно лице за време на гласањето од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето било приведено и кон него била покрената постапка за „Уништување на изборен материјал“.


Во Демир Капија, пак, било пријавено дека лице во алкохолизирана состојба дошло да гласа, при што зад параванот го искинал едното гласачко ливче, а другото го ставил в џеб. Кон него е покрената постапка за „Уништување на изборен материјал“.

Во Свети Николе е поведена постапка против едно лице под сомнение за „Поткуп при избори и гласање“. Постапка се води и против четири лица кои примиле поткуп во висина од по 3000 денари.

Носителка на советничката листа на политичка партија, заедно со уште едно лице се движеле со возило и на избирачко место во Кочани вршеле поткуп на гласачи


Во Кочани во повеќе наврати, двајца осомничени им се заканувале на повеќе граѓани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.

Во кочанското обвинителство е оформен и предмет по поднесена кривична пријава во која се наведува дека носителка на советничката листа на политичка партија, заедно со уште едно лице се движеле со возило и на избирачко место во Кочани вршеле поткуп на гласачи. Постапката против осомничените се води за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.


Претседателот на Државната изборна комисија рано утринава ги оцени синоќешните избори за генерално успешни.

Според првичните електронски податоци од Државната изборна комисија, 29 општини добиле градоначалници после првиот круг


Според првичните електронски податоци од Државната изборна комисија, 29 општини добиле градоначалници после првиот круг. Од поголемите партии ВМРО-ДПМНЕ засега е со освоени 16 градоначалнички места, СДСМ има девет, додека ДУИ е со три општински победи.

Во Скопје, на околу деведесет проценти од пребројаните гласови, водството го има независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, е на второ место.

Победниците во главниот град и во повеќето општини ќе се избираат во вториот круг од изборите на 31 октомври.

XS
SM
MD
LG