Линкови за пристапност

Секс-скандалите и политичарите


Секс-скандалите и политичарите
Секс-скандалите и политичарите

Херман Кејн е последниот во долгата редица политичари кои се соочија со обвинувања за сексуално малтретирање.

Американските медиуми деновиве се опседнати со случајот на Херман Кејн, еден од најизгледните републикански претенденти за претседателската функција, кој енергично ги отфрла повеќекратните обвинувања за сексуално малтретирање на неколку жени во минатото.

Стручњаците наведуваат дека ова е мошне важно прашање што оди подалеку од политиката.

Херман Кејн е последниот во долгата редица политичари кои се соочија со обвинувања за сексуално малтретирање.

Поранешниот американски претседател и гувернер на Арканзас Бил Клинтон со години беше предмет на судска тужба од Пола Џонс, поранешна вработена во владата на таа сојузна држава.

Републиканскиот конгресмен Марк Фоли во 2006-та поднесе оставка откако беше откриено дека испраќал експлицитни сексуални пораки до конгресни стажантки кои според возраста можеле да му бидат - ќерки.

Фатима Гос Грејвс од Националниот правен центар за жени во Вашингтон на ова гледа пошироко од конкретните случаи. Вели, за гласачите е важно да имаат јасна слика за политичарите и дали сториле сексуална злоупотреба, но, битно е и каква е реакцијата на наводните жртви.

„Што велат и што прават во таква ситуација? За жал, не мислам дека дискусијата оди во таа насока“, наведува Грејвс.

Активистите на оваа тема, како Лиза Мац од Американското здружение на универзитетски жени, велат дека во тешки економски времиња како сега, жртвите честопати се плашат да излезат во јавноста и да кажат што им се слулило.

„Едноставно, само сакаат да си ја задржат работата. Иако е незаконски некој да ве отпушти само затоа што сте решиле да поднесете пријава, таквата одмазда постојано се случува и претставува голем проблем“, тврди Мац.

Нејзиното здружение само што подготвило нов извештај во кој детално се опишува сексуалното малтретирање и насилничкот однесување во американските училишта, за кое Мац вели дека добило размери на епидемија. Здружението бара образованието против сексуалното малтретирање да започне уште од мала возраст.

XS
SM
MD
LG