Жената, Шарон Бејлек, вели дека била сексуално напаствувана од Кејн откако побарала помош во врска со работа додека тој бил раководител на Националната ресторантска асоцијација.
Таа е првата личност што јавно ги образложи тврдењата.
Најмалку три други жени го обвинија поранешниот пица магнат за сексуално злоставување во текот на 1990-те додека бил на чело на асоцијацијата.
Кејн призна дека бил предмет на поплаки за сексуално злоставување, но негираше секакво несоодветно постапување.
Ова доаѓа во критичен момент за претседателската кампања на Кејн, која значително напредна изминативе недели. Поранешниот бизнисмен од Џорџијае е близу врвот на национални истражувања на јавно мислење и води на последната анкета во Ајова, сојузната држава каде започнува републиканскиот процес на номинирање на кандидат, на 3 јануари 2012.