Каде и да оди Херман Кејн сега го препознаваат. Но многу политички аналитичари велат дека тој нема многу шанси за добивање на републиканската номинација.
Кејн не се согласува. Сепак, тој заостанува во парите споредено со неговите водечки конкуренти, меѓу кои тексашкиот гувернер Рик Пери и поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни. Сепак, учесници на неодамнешното пробно гласање, познато како „straw poll“, во Флорида, го стави Кејн на прво место.
Кејн коментираше дека „пораката е помоќна од парите“.
Кејн сака да го реформира американскиот даночен систем со неговиот план 9-9-9, поставувајќи ги даноците на приход за корпорации и поединци, како и националниот данок на продажба – на девет проценти.
Економистите на ова даваат мешани мислења, но тој вели дека планот ја решава фискалната криза на државата:
„Ако Американскиот народ ова го разбере, тој ќе го поддржи и ќе го бара“.
Хана Киркпатрик го поддржува планот. Вели дека тоа го израмнува полето за сите прави се` да биде фер.
На менаџерот за продажба Рене Каминс и` се допаѓа бизнис-приодот кон владата што го има Кејн:
„Соединетите американски држави се упатени кон банкротство, но ако сме раководени повеќе како корпорација, мислам дека ќе биде подобро за сите“.
Но некои гласачи остануваат скептични. Седумнаесетгодишниот Шон Такер за прв пат ќе гласа следната година. Тој е загрижен дека Кејн нема искуство во политичката игра, и ќе потпадне на корпоративните интереси, ако веќе не е.“
Со Кејн сега високо на повеќето анкети, другите кандидати веројатно ќе го напаѓаат неговиот даночен план, како и недостигот на искуство во владата.
Но, ако тој ја добие републиканската номинација, тоа би било уште еден голем момент во американската историја – со црн опозиционен кандидат што води кампања за замена на првиот црн претседател.