Линкови за пристапност

Влезе помош во Газа преку Јордан првпат од октомври


Ова ќе ни овозможи да обезбедиме повеќе залихи и да имаме повеќе камиони на патиштата, рече Светската програма за храна
Ова ќе ни овозможи да обезбедиме повеќе залихи и да имаме повеќе камиони на патиштата, рече Светската програма за храна

Светската програма за храна соопшти дека конвој од 46 камиони организиран со јорданска добротворна организација пристигнал во Газа во средата со 750 метрички тони храна.

Ова е првпат директен хуманитарен конвој од Јордан да стигне во Газа од 7 октомври, соопшти агенцијата за храна.

„Воспоставувањето на коридор низ Јордан ќе го зголеми протокот на помош и ќе отстрани дел од притисокот и метежот со кој се соочуваме во моментов“, рече во изјавата претставникот Самер Абдел Џабер.

„Ова ќе ни овозможи да обезбедиме повеќе залихи и да имаме повеќе камиони на патиштата“.

Светската програма за храна повика на итен прекин на огнот и отворање на сите гранични премини кон Газа, велејќи дека половина од населението сега гладува, со мал пристап до храна, вода и засолниште.

Хамас рече дека неговиот лидер Исмаил Ханије бил во Каиро за да разговара за војната со египетските власти.

Шефот на помалата палестинска милитантна група Исламски џихад, која, исто так, држи заложници во Газа, наводно изјавил дека нејзиниот лидер ќе го посети Египет во наредните денови.

Египет претходно играше улога во посредувањето меѓу Хамас и Израел, вклучително и привремениот, еднонеделен прекин на огнот кон крајот на ноември, во кој Хамас ослободи повеќе од 100 заложници во замена за околу 300 Палестинци приведени во израелските затвори.

Преговорите се одржаа во врска со нова пауза во борбите што ќе вклучи Хамас да ослободи повеќе заложници, но завојуваните страни не се согласија на договор.

Белата куќа соопшти дека дискусиите за хуманитарна пауза и ослободување на заложниците се „многу сериозни“.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG