Линкови за пристапност

Вештачката интелигенција ги „краде“ стиловите на ликовните уметници


Вештачката интелигенција ги „краде“ стиловите на ликовните уметници
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Генераторите на слики со вештачка интелигенција можат да ги имитираат стиловите на уметниците, загрозувајќи ја нивната егзистенција. Уметниците возвраќаат со алатки што ги нарушуваат системите за ВИ. Известува Мет Дибл.

Уметницата Карла Ортиз дизајнира ликови и сцени за филмската и телевизиската индустрија.

„Ова се дел од работите што ги направив за ‘Црниот Пантер'”, вели Ортиз.

Барана од клиентите поради нејзината вештина и препознатливиот стил, Ортиз била шокирана кога откри дека главните генератори на слики со вештачка интелигенција се обучени да ја користат нејзината уметност и сега ја симулираат.

„Тоа е навистина извонредно. Особено затоа што сега ова е натпревар на индустрија преку ноќ од милјарди долари на нашите сопствени пазари”, додава Ортиз.

Системите за вештачка интелигенција за генерирање слики употребуваат милијарди слики собрани од интернет без дозвола.

Ортиз е меѓу оние кои ја предизвикуваат оваа практика во американскиот правен систем и презема директна акција. Таа и другите уметници се надеваат дека ќе ги заштитат своите онлајн слики користејќи софтвер што ги збунува моделите на вештачка интелигенција.

Наречен Glaze (Глејз), неговите креатори велат дека софтверот прави мали промени во сликата што луѓето не ја забележуваат, но што ја искривува перцепцијата на вештачката интелигенција, наместо тоа, покажувајќи кон уметник во јавен домен, како Ван Гог.

Glaze (Глејз) и дополнителна верзија наречена Nightshade (Најтшејд) беа развиени на Универзитетот во Чикаго и се бесплатни за преземање.

„Nightshade (Најтшејд) се обидува да направи чекор понатаму со тоа што не само што ќе ја спречи вештачката интелигенција да учи од некоја слика, туку и активно ја корумпира базата на знаење на овие модели со вештачка интелигенција”, вели Шон Шан, водач на проектот Глејз.

Колку повеќе се користи софтверот, толку е поголемо влијанието. Шан вели дека целта е да ги убеди развивачите на вештачка интелигенција да платат за уметничките дела што ги користат.

„Ако добиете доволно количество од тоа таму, тоа навистина ќе почне да оштетува некои од идните производи”, додава Ортиз.

Сликата на Ортиз „Муса Викториоза“ беше првото заштитено дело и стана симбол на битката која претстои.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG