Линкови за пристапност

В петок ќе се одлучува кои докази ќе се користат во случајот на Трамп за изборите


Федералниот судија кој претседава со судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп под обвинение за обид за поништување на изборите во 2020 година им нареди на неговите адвокати и федералните обвинители да се појават во судот в петок на сослушување, со цел да помогнат да се утврдат кои докази може да се користат и споделуваат во случајот.

Судијката го закажа сослушувањето за петок во 10 часот наутро, набргу откако адвокатите на Трамп и членовите на канцеларијата на американскиот специјален советник Џек Смит се судрија околу тоа кога да се закаже постапката.

Обвинителите рекоа дека се достапни цела недела, додека адвокатите на Трамп побараа одложување до почетокот на следната недела.

Сослушувањето во петокот доаѓа откако тимот на одбраната на Трамп во понеделникот се спротивстави на барањето на обвинителите судијката да даде заштитна наредба за да се осигура дека доверливите докази не се споделуваат јавно од Трамп, сугерирајќи дека тој може да ги користи информациите за заплашување сведоци.

Трамп се изјасни за невин и ги нарече обвиненијата политички мотивирани.

Адвокатите на Трамп рекоа дека ограничувањата ќе го нарушат неговото право на слобода на говор, заштитено со првиот амандман на Уставот на САД.

Трамп не се очекува да биде присутен во судницата во петок.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG