Линкови за пристапност

Трамп обвинет во истрагата за мешање во изборите во 2020


Поранешниот претседател Доналд Трамп беше обвинет денес во истрагата на Одделот за правда за неговите напори да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, неуспешен потфат што на крај кулминираше со напад на Конгресот од страна на неговите поддржувачи.

Обвинението, третото кривично дело покренато против поранешниот претседател, додека се обидува да ја врати Белата куќа во 2024 година, следи по долготрајната федерална истрага за шемите на Трамп и неговите сојузници да го срушат мирниот трансфер на власта и да го задржат на функцијата и покрај загубата од Џо Бајден.

Кривичниот случај доаѓа додека Трамп води меѓу републиканците кои се борат да ја освојат претседателската номинација на нивната партија.

Обвинението сигурно ќе биде отфрлено од поранешниот претседател и неговите поддржувачи - па дури и некои од неговите ривали - како само уште едно политички мотивирано.

Сепак, тоа произлегува од една од најсериозните закани за американската демократија во модерната историја.

Обвинението се фокусира на турбулентните два месеца по изборите во ноември 2020 година, на кои Трамп одби да ја прифати својата загуба и шири лаги дека победата му е украдена.

Трамп претходно изјави дека слушнал оти специјалниот советник Џек Смит ќе објави обвинение против него во 17 часот, според објавата на апликацијата Truth Social.

Извор: АП и Ројтерс

XS
SM
MD
LG