Линкови за пристапност

Обвиненијата против мене се лажни, вели Трамп


Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, кој е водечки кандидат за републиканска претседателска номинација во 2024 година, а кој вчера беше обвинет во истрагата на Одделот за правда за неговите напори да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, ги осуди обвиненијата против него како „лажни“.

„Беззаконието на овие прогони на претседателот Трамп и неговите поддржувачи потсетува на нацистичка Германија во 1930-тите, поранешниот Советски Сојуз и другите авторитарни, диктаторски режими“, се вели во изјавата.

„Претседателот Трамп отсекогаш ги следел законите и Уставот, со совети од многу успешни адвокати“.

Обвинението вчера беше поднесено пред федералниот суд во Вашингтон.

Трамп, исто така, се соочува со федерално обвинение во Флорида поради неговото задржување на доверливите документи за национална безбедност по напуштањето на функцијата, и обвиненија на сојузно ниво во Њујорк за организирање нелегална шема за исплата на пари на поранешна актерка од филмови за возрасни за време на претседателските избори во 2016 година.

Исто така, нашироко се очекува дека Трамп наскоро ќе се соочи со сојузни обвиненија во Џорџија поврзани со неговите напори да го смени исходот од претседателските избори во 2020 година таму.

XS
SM
MD
LG