Линкови за пристапност

Џулијани: Трамп платил надомест на адвокатот кој и платил на Сторми Даниелс


За да молчи за наводната афера, порно актерката добила 130.000 долари

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, вели дека американскиот претседател Доналд Трамп му исплатил надоместок на неговиот личен адвокат кој и исплатил 130.000 долари на порно актерката, Сторми Даниелс, за да ја замолчи за наводната афера со Трамп во 2006-та година.

Џулијани, кој неодамна се придружи на правниот тим на Трамп, за „Фокс њуз“ рече дека Трамп „не знаел за деталите, колку што јас знам, но знаел за воопшто за аранжманот“.

Трамп негираше дека имал афера со Сторми Даниелс, а минатиот месец кога беше запрашан од новинарите дали знае за исплатата, тој одговори: „Не.“

Даниелс ги тужи Трамп и Мајкл Коен во врска со трансакцијата.

Нејзиниот адвокат, Мајкл Авенати, по коментарите на Џулијани рече дека Американците „треба да се чувствуваат навредени.“

Трамп реагираше со серија пораки на Твитер во одбрана на трансакцијата, велејќи дека договорот за дискретност е „честа појава кај познатите и богатите личности.“

„Пред прекршувањето на договорот од страна на г-ѓа Клифорд (Сторми Даниелс) и нејзиниот адвокат, ова беше приватен договор. Парите од кампањата, или придонесите за кампања, немаа никаква улога трансакција“, рече Трамп.

Претходно, Белата куќа најави уште една промена во правниот тим на Белата куќа.

Емет Флад, кој неуспешно работеше во заштитата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон од импичмент, а подоцна беше адвокат на Белата куќа за време на претседателот Џорџ В. Буш, ќе го наследи Ти Коб.

Коб беше клучен адвокат во интеракцијата со специјалниот советник кој истражува дали Трамп ја попречил правдата и се обидел да ја блокира кривичната истрага за мешањето на Русија во претседателските изборите во 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG