Линкови за пристапност

Актерката во филмови за возрасни Сторми Даниелс тврди дека добивала закани


Поранешната актерка во порно индустријата Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со Доналд Трамп, пред да биде избран за претседател, изјави за телевизиската емисија „60 минути“ на Си-Би-Ес дека добивала закани кога се обидела да ја раскаже својата приказна, и да ги прифати парите кои ѝ биле понудени преку адвокат на Трамп, бидејќи се исплашила за своето семејство.

Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во неделата во интервјуто изјави дека на пат кон фитнес центарот каде била заедно со нејзината ќерка, ѝ се приближил некој странец.

„Еден човек одеше по мене и ми рече: Седи понастрана од Трамп. Заборави ја приказната“, изјави Даниелс за новинарот Андерсон Купер. „И тогаш тој застана, се потпре, ја погледна мојата ќерка и рече: Тоа е прекрасно девојче. Би било срам ако нешто ѝ се случило на нејзината мајка. И веднаш после тоа замина.“

Инцидентот, на паркинг во Лас Вегас во 2011-та година, се случил кратко време откако таа прво се обидела да ја продаде приказната на таблоидно списание. Таа изјави дека инцидентот ја исплашил, а таа години наназад мислела дека ја направила вистинската работа кога прифатила 130 илјади долари од адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, да не зборува ништо.

Откако „Волстрит журнал“ ја извести јавност за исплатата, Даниелс му кажала на Купер дека лажела кога потпишала изјава со која ја негирала аферата. На прашањето зошто, Даниелс рекла дека била уценета. „Тие звучеа како да немав избор“, изјавила таа. Без разлика што немала никаква закана за физичко насилство во тоа време, таа била загрижена за други последици. „Точната реченица која била искажана е: Тие можат да го направат вашиот живот пекол, на многу различни начини.“

Таа изјавила дека не знае која би можел да ѝ го направи животот пекол, но дека верувала тоа може да биле Мајкл Коен.

Коен ги негирал заканите испратени до Даниелс, и одбил да се појави на емисијата „60 минути“.

Доцна во неделата, адвокатот кој го претставува Коен, издаде писмо со кое се бара да се повлече и да се извини актерката Даниелс, велејќи дека Коен „немал апсолутно никаква врска со лицето кое ѝ се заканувало" и верува дека таква личност воопшто не постои.“

Приказната со Даниелс стана проблем за Трамп после интервјуто што минатата недела беше објавено на Си-Ен-Ен заедно со поранешната моделка на Плејбој, Карен Мекдугал, кој ја опиша 10-месечната афера со Трамп, почнувајќи од 2006-та.

Мекдугал го тужеше за „договорот за доверливост“ што беше постигнат пред изборите во 2016-та година, за што беше платена 150 илјади американски долари.

Даниелс пак, го тужеше претседателот на 6-ти март, изјавувајќи дека Трамп никогаш не го потпишал „договорот за доверливост “ за да молчи за нивната врска.

Двете жени обвининуваат дека нивните односи со Трамп започнале во 2006-та година и завршиле во 2007-ма година и дека биле платени да молчат во време пред претседателските избори во 2016-та година.

Застапниците на Трамп ги отфрлија ваквите тврдења на Мекдугал и Даниелс, велејќи дека работите никогаш не се случиле и дека Трамп не знаел за таквите исплати.

Пред интервјуто, претседателот и првата дама се одлучија да бидат во различни сојузни држави. Трамп се врати во Вашингтон од Палм Бич доцна синоќа, додека Меланија ќе останела, во Флорида на претходно закажан пролетен одмор, изјави нејзиниот директор за комуникации со јавноста.

XS
SM
MD
LG