Линкови за пристапност

Македонски дела за Конгресната библиотека


Донација на македонски дела за Конгресната библиотека на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Донација на македонски дела за Конгресната библиотека на САД

Амбасадорот на Република Македонија во САД додели 130 дела од македонската книжевност.

Република Македонија и` подари на Конгресната библиотека на САД едиција на македонската литература, преведена на англиски јазик.

Донацијата е составена од дела на современи македонски автори, но и литература од IX-от до XVIII-от век, дела од просветителскиот период, фолкорот, поезијата. Најголемата светска библиотека самата годишно набавува околу 300 примероци од Македонија и нејзиниот фонд од земјата севкупно брои околу12.000 наслови. На своите полици има дела од почетоците на печатењето на современ македонски јазик, па се` до најнови изданија.

„Амбасадата овие 130 тома ги подели низ повеќе универзитети, вклучувајќи ја и Конгресната библиотека. Сметаме дека една таква едиција е многу важна за ширењето на македонската култура насекаде низ светот, вклучувајќи ги и САД“, вели амбасадорот на Република Македонија во САД, Зоран Јолевски.

За раководителот на еврoпската читална Харис Грант, преводот и изборот се импресивни: „Од она што го видовме досега со колегите, преводот на англиски е првокласен. Сите во Македонија треба да бидат горди на оваа. Не знам колку земји го сториле истото“.

“САД се центар не само на политиката, туку и на културните збиднувања. Потенцијалот е огромен за зголемување на соработката во културата и науката“, вели Јолевски.

Во фондот на библиотеката, од вкупно 130 милиони примероци, има 29 милиони каталогизирани книги и друг печатен материјал. Речиси половината е на 460 различни јазици во светот. Библиотеката е дом и на најголемата колекција на правни материјали, филмови, мапи и аудио материјал во светот.
XS
SM
MD
LG