Роберт Ајхорн, советник во Стејт департментот на САД за непролиферација и контрола на оружјето го поттикна Сеул и да ги намали и бизнис-врските со иранската централна банка.
Ајхорн се обидува да добие поддршка за неодамна воведената американска легислатива што поставува строги финансиски мерки против институциите кои имаат бизнис со иранската централна банка.
Јужнокорејскиот заменик Министер за надворешни работи Ким Јае-шин кажа дека силно ги поддржува меѓународните мнапори за решавање на иранското нуклеарно прашање. Но тој кажа дека многумина во Јужна Кореја се загрижени дека санкциите ќе наштетат на економијата на државата.
Надвор од Министерството за надворешни работи, мала група протестанти извикуваа анти-американски слогани поттикнувајќи го Сеул да не се приклучи на иранските санкции.