Државниот секретар на САД Мајк Помпео, вети дека ќе ги врати американските притвореници од Иран и дека „целата американска Влада“ работи „напорно“ и ги користи „сите приоди“ и „механизми“.
Помпео изјави дека Иран не обезбедил ослободување на Американците, меѓу кои Бакир Намази, Сиамак Намази, Ксијуе Ванг и Боб Левинсон, иако Вашингтон според Иранскиот нуклеарен договор од 2015-та година ги олесни санкциите кон Техеран.
Семејствата на притворениците се плашат дека американската одлука за повлекување од Иранскиот нуклеарен договор претходно месецов, ќе го отежне процесот на нивно враќање.
Ирански официјални лица соопштија дека може да преговараат за ослободување на овие лица, доколку САД го сменат непријателскиот пристап и со Иран ќе разговараат со почит.
Facebook Forum