Поранешниот работник под договор на американското разузнавање, Едвард Сноуден, до медиумите достави нов строго доверлив документ, првиот што обелоденува како САД трошат десетици милијарди долари годишно на шпионски програми.
Вашингтон пост синоќа објави дека за „црниот буџет“ во фискалната 2013-та година биле издвоени 52,6 милијарди долари.
Иако американската влада годишно објавува информација колку вкупно троши за разузнавање, документот на 178 страници - чиј извор, како што тврди весникот, бил Сноуден - дава преглед колку пари добива секоја агенција, и, до одреден степен, што прават агенциите со тие пари.
Според Вашингтон пост, ЦИА добива највеќе од сите разузнаваки агенции - нејзиниот предлог-буџет за 2013-та изнесува 14,7 милијарди. Тоа е над 50% повеќе од она што го добива Агенцијата за национална безбедност, каде беше вработен Сноуден.
Иако весникот објави графикони и табели за трошоците на вкупно 16-те агенции што се бават со разузнавање, тој сепак наведува дека не се решил да го стори истото со „одредени информации по консултациите со американски официјални лица кои изразија загриженост за ризикот по разузнавачките извори и методи“.
Парите одат за најразлични шпионски сателити, високотехнолошка опрема и плати за вработените, во кои спаѓаат аналитичари, јазични стручњаци, криптолози и се` поголем број на кибернетски специјалисти.
Сноуден, кој е изворот на најголемото протекување на разузнавачки информации во американската историја, избега од САД и сега под привремен азил живее во Русија. Американските власти бараат тој да биде испорачан поради обвинение за шпионажа.