Портпарол на ОН соопшти дека светската организација планира да ги праша САД во врска со новинскиот извештај дека Агенцијата за национална безбедност ги прислушкувала нејзините канцеларии во Њујорк.
Врз основа на, како што наведува, документи добиени од поранешниот работник под договор на американското разузнавање, Едвард Сноуден, германскиот магазин Шпигел вчера објави дека САД минатата година успеале да упаднат во комуникациските системи на ОН.
На денешниот брифинг, портпаролот Фархан Хак кажа дека ОН ќе ги контактираат САД во врска со извештајот, како и во други случаи во минатото кога ќе се појавеле вакви тврдења. Тој додаде дека меѓународното право ги штити функциите на ОН, дипломатските мисии и други меѓународни организации. Од членовите на ОН се очекува да постапат соодветно и да ја заштитат неповредливоста на дипломатските мисии, рече Хак.