Линкови за пристапност

Агенцијата за национална безбедност повторно во фокусот


Самата објави судски документ од 2011-та дека бесправно собирала електронски пораки.

Американската агенција за национална безбедност (НСА) објави судско мислење од 2011-та година, дека од 2008-ма до 2011-та, секоја година, бесправно собрала до 56.000 електронски пораки и друга електронска комуникација меѓу Американци.

Документот беше објавен согласно напорот на владата на претседателот Барак Обама за транспарентност на набљудувачките операции на НСА, реагирајќи на информациите што неодамна ги обелодени поранешниот работник под договор на американското разузнавање, Едвард Сноуден.

Разузнавачки лица наведуваат дека НСА во 2011-тата открила дека ненамерно собрала комуникации меѓу американски граѓани во рамки на програмата за следење на комуникации во странство. Потоа го известила судот, кој е задолжен да ја контролира нејзината работа, а тој и наложил да направи промени така што во програмата нема да се мешаат домашните со странски комуникации.
XS
SM
MD
LG