Линкови за пристапност

Трамп најави извршна наредба за имиграцијата


Се однесува на одвојувањето на децата од родителите на јужната граница

Претседателот на САД Доналд Трамп, најави дека ќе потпише извршна наредба за имиграцијата, конкретно за прашањето на одвојување на децата од нивните родители на границата со Мексико. Овие лица се обидуваат да влезат во САД по илегален пат. „Сакаме да ги задржиме семејствата заедно“, кажа тој.

Со тоа, Одделот за домашна безбедност ќе постапува по наредбата за задржување на семејствата во притворен центар заедно.

Администрацијата на Трамп се соочи со интензивна критика заради политиката за поделба на мигрантските семејства, додека тие илегално ја преминале јужната граница на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG