Мостот Френсис Скот Ки се урна во водите на реката Патапско откако товарен брод под по име Дали утринава во 1:30 часот по американско време удри во еден од столбовите кои го држеа мостот.
Во тие моменти неколку автомобили од мостот паднаа во реката.
Најмалку 10 комерцијални бродови кои пловеле кон американското пристаниште Балтимор биле закотвени во водите во близина на урнатиот мост, покажуваат податоци за следење на бродови и поморска аналитика.
Сообраќајот на пристаништето е прекинато до понатамошно известување, соопштија транспортните власти на сојузната држава Мериленд.
Facebook Forum