Линкови за пристапност

Уморна сум да ги губам пријателите: Девојки се борат во првите линии на фронтот во Украина


Најдобриот пријател ми беше убиен минатиот месец, друг е затворен. Уште една девојка која работеше со нас како лекарка беше погодена со проектил пред само неколку дена, вели Валентина, со која разговаравме во близина на првите борбени редови

Вработена во салон за убавина, медицинска сестра во приватна клиника и мајка, навидум немаат многу заедничко, но сите три се придружија на вооружените сили на Украина. Гласот на Америка разговараше со нив во близина на Бахмут.

„На почетокот беше и неразбирливо и страшно, но потоа ги исклучувате сите ваши емоции и работите“, вели Валентина, припадничка на вооружените сили на Украина.

Девојки и жени се борат во првите борбени линии во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

На 25 февруари 2022 година, Валентина, жителка на Киев, го напуштила салонот за убавина каде правела маникир и се приклучила на Вооружените сили на Украина како лекарка. Денес, таа се грижи за ранетите војници и се грижи тие безбедно да стигнат во болница.

Таа поминала една година во првите борбени редови.

„Уморна сум да ги губам моите пријатели. Најдобриот пријател ми беше убиен минатиот месец, друг е затворен. Уште една девојка која работеше со нас како лекарка беше погодена со проектил пред само неколку дена. Сакам да се одморам од сето ова, но ќе го сторам тоа дури откако ќе победиме“, вели Валентина.

Токму во првите борбени редови Валентина ја запознала својата нова најдобра пријателка, Јулија, 29-годишна медицинска сестра од регионот Суми.

„Моите другари се прекрасни. Кога се приклучив на Вооружените сили, малку се плашев дека може да има нееднаквост, некаков притисок, но тоа воопшто не го чувствувам. Сите мои другари ми даваат поддршка“, вели Јулија.

Ана вели дека ја третираат исто како и мажите во Вооружените сили.

„Жената овде нема посебни привилегии. Нашите девојки се подготвени да се борат рамо до рамо со мажите. Спијат на под и јадат од ист сад. Тоа е нормално“, објаснува Ана.

Ана им се приклучила на Вооружените сили во 2015 година откако наполнила 18 години. Во 2018 година ја напуштила војската, се омажила и родила дете.

Но, кога Русија изврши инвазија во 2022 година, Ана повторно им се придружила на Вооружените сили, мотивирана од желбата да го заштити својот тригодишен син.

„На 24 февруари скокнав од кревет затоа што слушнав силно гранатирање. Ми стана јасно дека војната започна. Моето дете спиеше до мене, беше многу страшно и емотивно. Многу тешко“, раскажа Ана.

Валентина нема деца, но се бори својата земја да биде безбедна за сите деца.

„Ова е за мојата иднина, за иднината на моите неродени деца, за моето семејство. Русите се обидуваат да нè уништат веќе неколку векови. Кој, ако не ние, ќе ја заштити Украина?“, додава Валентина.

Кога војната ќе заврши, Валентина сака да отвори кафуле-книжарница, Јулија сонува да отвори сопствен салон за тетоважи, додека Ана едвај чека да се врати кај семејството и нејзиниот мал син.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG