Линкови за пристапност

Воздухопловните сили на Русија случајно го бомбардираа сопствениот град Белгород


МОСКВА (АП) — Руската војска призна дека бомбата фрлена случајно од еден од нејзините воени авиони предизвикала силна експлозија во руски град на околу 40 километри источно од руско-украинската граница.

Белгород се соочува со редовни напади со беспилотни летала за време на руската воена операција во Украина.

Но, експлозијата доцна во четвртокот беше многу посилна од било што претходно доживеале жителите на Белгород.

Руските коментатори веднаш изнесоа теории за тоа какво оружје користела Украина за нападот. Многумина повикаа на одмазда.

Околу еден час подоцна, руското Министерство за одбрана призна дека оружјето случајно ослободено од еден од нивните сопствени бомбардери Су-34 ја предизвикало експлозијата.

Воени експерти велат дека најверојатно станува збор за моќна бомба од 500 килограми.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG