Линкови за пристапност

Украина вели дека вратила повеќе територии на источниот фронт


Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар рече дека силите на Киев во изминатата недела зазеле околу три квадратни километри земјиште околу источниот град Бахмут
Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар рече дека силите на Киев во изминатата недела зазеле околу три квадратни километри земјиште околу источниот град Бахмут

Украина соопшти дека нејзините трупи вратиле повеќе територии на источниот фронт и напредувале кон југ во нивната контраофанзива против руските сили, додека претседателот Володимир Зеленски посетил две области на фронтот.

Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар рече дека силите на Киев во изминатата недела зазеле околу три квадратни километри земјиште околу источниот град Бахмут, кој беше заземен од руските војници во мај по неколкумесечни тешки борби.

Таа, исто така, објави неодреден „успех“ во насока на две села во јужниот регион Запорожје, но не даде детали.

Украина сега има вратено околу 47 квадратни километри територија околу Бахмут откако ја започна својата контраофанзива на почетокот на јуни, напиша Малиар на апликацијата за пораки Телеграм.

Ројтерс не беше во можност да ги потврди извештаите, а Русија не го потврди напредокот на Украина.

Двете страни како неодамнешни успеси ги сметаат добивките од мали села или земјиште.

Видеата објавени на веб-страницата на украинскиот претседател вчера покажаа дека Зеленски ги посетува војниците во источниот регион Доњецк, каде што се наоѓа Бахмут, и во регионот Запорожје, каде што силите на Киев се обидуваат да турнат на југ кон Азовското Море.

Зеленски беше прикажан како им доделува медали на војниците на повеќе локации и им се заблагодарува на медицинските лица во теренската болница на јужниот фронт.

Во своето ноќно обраќање, дадено од воз, претседателот рече дека повратните информации на војниците за текот на конфликтот ќе бидат сфатени сериозно.

„Момци, ве слушнавме јасно“, рече тој.

Киев зазеде голем број села и населби во својата тримесечна офанзива, но неговите војници беа попречени од огромните руски мински полиња и ровови.

Малиар минатата недела рече дека украинските војници ја пробиле првата линија на руската одбрана, а украинската војска очекува сега да напредува побрзо.

Москва продолжи да изведува воздушни напади врз украински цели, вклучително и пристанишната инфраструктура, и пријави напади со беспилотни летала на руска територија.

Налогот на руското Министерство за одбрана на Телеграм во понеделникот цитираше офицер со кодно име Еже како вели: „Непријателот напаѓа силно и сериозно, но ние стоиме цврсто. Нема да ги пуштиме“.

XS
SM
MD
LG