Линкови за пристапност

Украина може да ја загуби војната против Русија без помош од САД, вели ЦИА


Украинските војници од 65-та бригада го подготвуваат својот тенк за следната операција за одбрана на своите позиции на фронтот во регионот Запорожје, Украина, 18 април 2024 година
Украинските војници од 65-та бригада го подготвуваат својот тенк за следната операција за одбрана на своите позиции на фронтот во регионот Запорожје, Украина, 18 април 2024 година

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) предупреди дека постои „реален ризик Украинците да изгубат на бојното поле до крајот на 2024 година“, во војната против Русија.

Вилијам Брнс, зборувајќи во Далас во Претседателскиот центар на Џорџ Буш, рече дека на Украина ѝ снемува муниција и „ни истекува времето за да им помогнеме“, а тоа е удар за американските законодавци кои ја задржуваат дополнителната помош за Украина.

„Со дополнителна помош од американскиот Конгрес, мислам дека Украинците можат да се одржат на бојното поле во 2024 година и да продолжат да прават штета“ на Крим и против Црноморската флота, рече директорот на ЦИА.

Без помош, рече Брнс, „сликата е многу пострашна“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видеообраќање вчера, рече дека војската е на пат да произведе 10 хаубици „Богдана“ овој месец.

„Ова е добар резултат“, рече претседателот, за производството на одбранбени материјали во земјата.

Претседателот рече дека разговорите со војската вклучиле и дискусии за пограничните заедници на Украина, вклучително и информациското поле, теми кои вклучуваат пристап до украинските телевизиски сигнали и блокирање на руската пропаганда.

Зеленски рече дека руската пропаганда „непроменливо е проследена со, во најмала рака, дестабилизација и, во најлош случај, обид за окупација“.

Тој рече дека Украина и нејзините партнери „ќе работат заедно“ за да се спротивстават на секое руско влијание и да се справат со какви било технолошки предизвици.

Украинската војска во четвртокот соопшти дека ги соборила сите 13 воздушни беспилотни летала лансирани од Русија во нападите во текот на ноќта, додека руската војска објави дека уништила 20 украински беспилотни летала.

Украинските власти постојано ги повикуваат сојузниците да обезбедат поголема воена поддршка, особено противвоздушна одбрана, за да се заштитат од руските беспилотни летала и ракетните напади.

Стејт департментот на САД соопшти дека државниот секретар Ентони Блинкен, исто така, ќе ја изрази загриженоста на САД за поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, изјави за новинарите во вторникот, дека во текот на изминатите месеци, САД забележале како се пренесуваат материјали од Кина во Русија, која ги користи материјалите за обнова на својата одбранбена индустриска база и производство на оружје што се појавува на бојното поле во Украина.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG