Линкови за пристапност

Украина ќе почне заедничко производство на оружје со САД, рече Зеленски


Во своето секојдневно обраќање до Украинците, Зеленски рече дека долгорочниот договор ќе создаде работни места и нова индустриска база во Украина, чија економија е уништена од руската инвазија и војна
Во своето секојдневно обраќање до Украинците, Зеленски рече дека долгорочниот договор ќе создаде работни места и нова индустриска база во Украина, чија економија е уништена од руската инвазија и војна

Украина и САД се договорија да започнат заедничко производство на оружје во чекор што ќе му овозможи на Киев да започне со производство на системи за противвоздушна одбрана, изјави денес претседателот Володимир Зеленски откако ја заврши посетата на САД.

Во своето секојдневно обраќање до Украинците, Зеленски рече дека долгорочниот договор ќе создаде работни места и нова индустриска база во Украина, чија економија е уништена од руската инвазија и војна.

„Тоа беше многу важна посета на Вашингтон, многу важни резултати“, рече Зеленски во видеото објавено на претседателската веб-страница денес утрово.

„И долгорочен договор - ќе работиме заедно за Украина да го произведе неопходното оружје заедно со САД. Копродукцијата со одбраната на САД е историска работа“.

Киев ги засили напорите да го зголеми домашното производство на оружје што е можно повеќе бидејќи 19-месечната војна создаде огромна побарувачка за оружје и муниција за да се одвратат од руските напади долж линијата на фронтот долга 1.000 километри.

Руските воздушни напади низ Украина предизвикаа голема штета и загинаа многу луѓе.

Зеленски рече дека Министерството за стратешки индустрии, кое го надгледува производството на оружје во Украина, потпишало договори за соработка со три здруженија, обединувајќи над 2.000 одбранбени американски компании, за идната можна работа во Украина.

„Се подготвуваме да создадеме нов одбранбен екосистем со САД за производство на оружје за зајакнување на понатамошната слобода и заштита на заедничкиот живот“, рече Зеленски без да открие повеќе детали.

Украина во голема мера зависи од западната воена поддршка.

За да се намали неговата зависност, Зеленски и неговиот тим се залагаат за реформи во домашната одбранбена индустрија за модернизирање на локалните производители и зголемување на испораките на фронтот.

Зеленски претходно изјави дека Киев наскоро ќе биде домаќин на меѓународен форум за производство на оружје, на кој ќе бидат поканети компании од над 20 земји.

Владата, исто така, спроведува реформи во нејзината главна компанија за производство на оружје за да ја подобри транспарентноста, да го зајакне производниот капацитет и да ѝ овозможи поактивна соработка со западните производители.

Украина веќе договори неколку заеднички проекти со централноевропските производители за поправка на украински тенкови и други возила, а работеше и на развој на производство на беспилотни летала и ракети.

XS
SM
MD
LG