Линкови за пристапност

Зеленски: Без помош од САД, Украина ќе ја изгуби војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати итна молба до американските пратеници на Капитол Хил, велејќи им дека без нова транша од финансирањето за борба против руската агресија, Украина ќе ја изгуби војната.

Белата куќа побара 24 милијарди долари дополнително финансирање за Украина претходно оваа година. Но, постои растечка загриженост кај републиканците во врска со обезбедувањето американска помош за Украина, во комбинација со потешкотиите за носење на целосниот буџет за 2024 година за финансирање на американската влада по истекот на рокот на 30 септември.

Водачот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер го сумираше состанокот со Зеленски, велејќи им на членовите: „Ако не добиеме помош, ќе ја изгубиме војната“.

Зеленски денеска се сретна и со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред објавувањето на Пентагон за нов безбедносен пакет со повеќе воздушни одбранбени и артилериски капацитети за Украина.

Прес секретарот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, денеска на новинарите им рече дека „сè се одвива по планот“ со испораката на тенковите М1 Абрамс во Украина и дека доколку дојде до затворање на американската влада, сепак обуката за авионите Ф-16 во САД за украинските пилоти ќе се одржи.

Според Советот за надворешни односи, од почетокот на непријателствата во февруари 2022 година до мај 2023 година, САД обезбедиле повеќе од 76,8 милијарди долари помош.

XS
SM
MD
LG