Линкови за пристапност

Трамп се закани со високи царини за европските пијалаци


Шишиња шампањ се на продажба во продавница за вино во околината на Париз, Франција, 13 март 2025 година
Шишиња шампањ се на продажба во продавница за вино во околината на Париз, Франција, 13 март 2025 година

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се закани на Европската Унија (ЕУ) со 200% царини за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци произведени во блокот од 27 нации, откако ЕУ најави царини од 50% за американско дестилирано виски.

Трамп во објава на својата платформа „Трут Соушл“ изјави дека ЕУ е „една од најнепријателските и најнавредливите даночни и царински власти во светот“.

Тој рече дека е формирана во 1993 година „со единствена цел да ги искористи економските предности на САД“.

Во последниот месец, Трамп води царинска борба со своите најголеми трговски партнери - Мексико, Канада, Кина и ЕУ - во обид да го запре протокот на дрога, особено фентанил, во САД од Мексико и Канада а, исто така, да ги убеди производителите да ги затворат своите операции во странство и да ги префрлат во САД.

Вчера Трамп најави царини од 25 отсто за извозот на челик и алуминиум во САД од 35 земји, вклучувајќи го и блокот на ЕУ.

Европа брзо возврати со сопствени царини на американскиот извоз во вредност од 28 милијарди долари во земјите кои долго време беа геополитички сојузници на САД, додека Канада воведе нови царини на американскиот извоз во вредност од 20,7 милијарди долари кон северниот сосед.

Новите мерки на ЕУ ќе важат не само за производите од челик и алуминиум, туку и за текстилот, апаратите за домаќинство и земјоделските производи.

Мотоциклите, бурбонот, путерот од кикирики и фармерките, исто така, ќе бидат погодени, како што беа за време на првиот мандат на Трамп, кој траеше од 2017 до 2021 година.

Официјалните претставници на ЕУ рекоа дека нејзините царини, кои ги плаќаат компаниите увозници и чии трошоци потоа главно се пренесуваат на потрошувачите, се насочени кон производи од држави во кои доминираат републиканците како Трамп, како што се говедско месо и живина од Канзас и Небраска, производи од дрво од Алабама и Џорџија и алкохол од Кентаки и Тенеси.

Секретарот за финансии на САД Скот Бесент за Си-Ен-Би-Си отфрли загриженост за заканите од поголеми царини за европските жестоки пијалаци.

XS
SM
MD
LG