Линкови за пристапност

Трамп рече дека ако пак биде претседател ќе испрати војници на границата меѓу САД и Мексико


Нарекувајќи ги рекордните нелегални гранични премини меѓу САД и Мексико за време на претседателот Џо Бајден „инвазија“, Трамп се обиде да ја префрли вината за проблемот на сегашната администрација
Нарекувајќи ги рекордните нелегални гранични премини меѓу САД и Мексико за време на претседателот Џо Бајден „инвазија“, Трамп се обиде да ја префрли вината за проблемот на сегашната администрација

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку биде избран повторно ќе ги префрли ресурсите од федералните агенции за спроведување на законот и ќе испрати илјадници војници на американско-мексиканската граница.

Говорејќи пред приврзаниците во Ајова, каде што во јануари ќе се одржи првиот собир за номинација на Републиканската партија за изборите во ноември 2024 година, Трамп, исто така, вети дека ќе ја прошири забраната за патување што им забрануваше на луѓето од неколку земји со мнозинско муслиманско население за време на неговото претседателствување 2017-2021 година.

Нарекувајќи ги рекордните нелегални гранични премини меѓу САД и Мексико за време на претседателот Џо Бајден „инвазија“, Трамп се обиде да ја префрли вината за проблемот на сегашната администрација.

Бајден, демократ, се кандидира за реизбор и би можел да има реванш избори против републиканскиот фаворит Трамп.

„По мојата инаугурација, веднаш ќе ја прекинам секоја политика на отворени граници на администрацијата на Бајден“, рече Трамп на митинг во Дубјук.

„Јас ќе кажам дека мораме да ги искористиме сите ресурси потребни за да ја запреме инвазијата, вклучително и преместување на илјадници војници кои моментално се стационирани во странство“.

Трамп даде неколку специфики, вклучително и за тоа како точно планира да ја прошири секоја забрана наметната на земјите со мнозинско муслиманско население.

Не е јасно дали Трамп ќе се соочи со какви било правни пречки за спроведување на таквите мерки.

Администрацијата на Бајден ја бранеше својата гранична политика, велејќи дека ги користи достапните алатки, истовремено повикувајќи го Конгресот да донесе закони за да го поправи расипаниот систем.

Повеќето луѓе кои сакаат да ја преминат јужната граница на САД доаѓаат од земјите од Централна Америка.

XS
SM
MD
LG