Линкови за пристапност

На полноќ истекува привремената наредба за миграција, 150.000 мигранти на границата со Мексико


Наредбата 42 или итната здравствена наредба што се користеше за време на пандемијата со ковид-19 на границата меѓу САД и Мексико за брзо протерување на мигрантите назад во Мексико или во нивната матична земја, завршува во денес на полноќ.

Администрацијата на Бајден воведе строги мерки за азил кои, според секретарот на Одделот за внатрешна безбедност, Алехандро Мајоркас, ќе доведат до протерување на мнозинството мигранти на границата, каде што некои гранични аналитичари велат дека околу 150.000 луѓе чекаат да влезат во САД.

„Еве што ќе се случи: ќе бидете вратени“, рече Мајоркас на прес-конференција во Вашингтон во средата. „Нашата граница не е отворена“.

На границата мигрантите се збунети што понатаму. Присила Орта, адвокатка за имиграција во Браунсвил, Тексас, секоја недела ја преминува границата во Матаморос, Мексико за да им објасни на мигрантите со кој процес ќе се соочат.

„Ако влезете под какви било други околности, освен апликацијата, или само однапред закажан термин, нема да се сметате дека сте подобни за азил“, изјави таа за Гласот на Америка.

Со завршувањето на наредбата 42, Орта ги советува мигрантите да ја користат апликацијата за да обезбедат средба и доколку преминат без овластување, веднаш ќе бидат отстранети.

Службениците за имиграција во САД ги повикуваат мигрантите да ја користат апликацијата доколку планираат да побараат азил. Велат дека следните денови ќе бидат напорни.

XS
SM
MD
LG