Линкови за пристапност

Бајден ќе испрати 1.500 војници на границата со Мексико пред очекуваниот бран мигранти


Воениот персонал ќе врши внесување податоци, поддршка во складиштето и други административни задачи за да може американската царина и граничната заштита да се фокусира на теренската работа, рекоа официјалните лица
Воениот персонал ќе врши внесување податоци, поддршка во складиштето и други административни задачи за да може американската царина и граничната заштита да се фокусира на теренската работа, рекоа официјалните лица

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе испрати 1.500 војници на границата меѓу САД и Мексико пред очекуваниот пораст на мигранти по завршувањето на ограничувањата за пандемијата на коронавирус, изјави денес портпаролот на Пентагон Пет Рајдер.

Воениот персонал ќе врши внесување податоци, поддршка во складиштето и други административни задачи за да може американската царина и граничната заштита да се фокусира на теренската работа, рекоа официјалните лица.

Војниците нема да работат на спроведување на законот и ќе бидат таму околу 90 дена, иако нивното присуство може да биде продолжено доколку е потребно.

Ограничувањата поради ковид-19 им дозволија на американските власти да одвратат десетици илјади мигранти кои ја преминуваат јужната граница, но тие ограничувања ќе се укинат на 11 мај, а граничните власти се подготвуваат за очекуваниот бран на мигранти.

Дури и покрај ограничувањата, администрацијата забележа рекорден број на луѓе кои ја минуваат границата, а претседателот Бајден одговори со сузбивање на оние кои нелегално минуваат и со создавање нови патишта наменети да понудат алтернативи за опасното и често смртоносно патување.

Постапките на Бајден следат по слични потези на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој распореди активни трупи на границата за да му помогнат на персоналот на граничната патрола во обработката на големите мигрантски каравани, покрај силите на Националната гарда кои работеа во тој капацитет.

На границата има околу 2.700 членови на Националната гарда.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG