Линкови за пристапност

Трамп нареди повлекување на САД од СЗО и Парискиот климатски договор


Американскиот претседател Доналд Трамп покажува извршна наредба што штотуку ја потпиша за време на инаугуративната парада во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, на 20 јануари 2025 година. (Фото: АФП)
Американскиот претседател Доналд Трамп покажува извршна наредба што штотуку ја потпиша за време на инаугуративната парада во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, на 20 јануари 2025 година. (Фото: АФП)

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша серија извршни наредби по преземањето на функцијата вчера, вклучително и да се повлече од меѓународните здравствени и климатски тела и суспензијата на американската странска помош.

Во неговиот прв мандат, Трамп водеше надворешна политика „Америка на прво место“, а наредбата што ја потпиша вчера му наложува на новиот државен секретар Марко Рубио да ги фокусира напорите на Стејт департментот на таа мисија.

„Од овој ден натаму, надворешната политика на САД ќе ги застапува основните американски интереси и секогаш ги става Америка и американските граѓани на прво место“, се вели во наредбата.

Трамп им нареди на САД да се повлечат од Парискиот климатски договор од 2015 година, повторување на потегот што тој го направи и во неговиот прв мандат.

Трамп рече дека САД имаат успешен досие за „унапредување на економските и еколошките цели“ кои треба да бидат модел за другите земји.

Скоро 200 земји го потпишаа договорот за ограничување на глобалното затоплување при што секоја земја обезбедува свој план за ограничување на емисиите на стакленички гасови кои придонесуваат за климатските промени.

Во друго повторување од неговиот прв пат на функцијата, Трамп им нареди на САД да се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО) поради поплаки дека агенцијата лошо управувала со пандемијата на ковид-19 и дека добива премногу средства од САД.

СЗО во соопштението денес рече дека „жали“ за најавата на Трамп и дека со нетрпение очекува конструктивни разговори за одржување на партнерство со САД „за доброто на здравјето и благосостојбата на милиони луѓе ширум светот“.

„Повеќе од седум децении, СЗО и САД спасија безброј животи и ги заштитија Американците и сите луѓе од здравствени закани“, соопшти СЗО.

„Заедно ставивме крај на малите сипаници и заедно ја доведовме детската парализа на работ на искоренување. Американските институции придонесоа и имаат корист од членството во СЗО“.

Нарекувајќи дека странската помош на САД „не е усогласена со американските интереси“, Трамп издаде наредба да се паузира помошта на 90 дена и програмите да бидат подложени на преглед.

Финансирањето за многу програми веќе е присвоено од Конгресот, па не е јасно како првично ќе влијае наредбата.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG