Линкови за пристапност

Трамп ги одложи царините за производи од Мексико и Канада


Товарен брод на пристаништето Оукленд, Калифорнија
Товарен брод на пристаништето Оукленд, Калифорнија

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ги одложи за четири недели неговите нови царини од 25% за најголемиот дел од мексиканскиот и канадскиот извоз во САД, неговиот најнов потег во трговската војна која се одрази врз берзите и ги наруши односите на САД со нивните долгогодишни сојузници и двата најголеми трговски партнера.

Трамп најпрво ги одложи царините за мексиканскиот увоз во САД до втори април, откако директно слушна од мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум за тоа како нејзината влада помогнала да се спречи приливот на мигранти и фентанил во САД - две барања што Трамп ги постави до јужниот сосед на земјата.

Неколку часа подоцна, тој ги паузираше и новите давачки за Канада, иако не се знае што ќе се случи со царините за еден месец за која било земја.

Најновите постапки на Трамп дојдоа еден ден откако тој ги паузираше царините за увоз на возила од двете земји, откако трите најголеми американски производители на автомобили рекоа дека давачките ќе имаат сериозно финансиско влијание врз нив.

Трите главни американски берзи повторно забележаа пад во

Трамп, во извршната наредба, рече дека царините нема да бидат наметнати на мексикански или канадски производи увезени од американски компании кои спаѓаат во трговскиот договор што тој го постигна со двете земји во 2018 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Во објава на неговата социјална мрежа Трамп рече дека ги олеснил царините за мексиканските производи од почит кон претседателката Шеинбаум.

„Нашите односи се многу добри и работиме напорно, заедно, на границата, и во смисла на спречување на илегалните имигранти да влезат во САД и, исто така, на запирање на фентанилот“.

Во изјавата во четвртокот, Шеинбаум рече: „Се согласивме дека нашите работа и соработка дадоа резултати без преседан, во рамките на почитувањето на нашиот суверенитет“.

Подоцна, на прес-конференција, таа рече дека за време на телефонскиот разговор во четвртокот, Трамп најпрво сакал неговите царини да останат на сила.

Но, Шеинбаум рече дека му дала примери за резултатите што ги постигнала изминатиот месец, вклучително и како Мексико го ограничи протокот на фентанил во САД и како мексиканските власти испратија 29 врвни оперативци на картел, барани од американски официјални претставници во САД.

Таа, исто така, испрати 10.000 војници на северната граница на Мексико за да се обиде да го запре протокот на мигранти и дрога во САД.

„Мексико беше третиран со многу почит и го постигнавме овој договор што е од корист на двете нации“, рече таа, иако остана нејасно што може да се случи следниот месец кога ќе заврши паузата на царините.

Шеинбаум се закани со одмазднички царини против американскиот извоз во Мексико, но за разлика од канадскиот премиер Џастин Трудо, се воздржа да ги објави додека притискаше за дипломатско решение.

Трамп тврдеше дека Трудо имал политички мотиви да го нападне неговото наметнување на новата давачка за Канада.

„Верувале или не, и покрај ужасната работа што ја заврши за Канада, мислам дека Џастин Трудо го користи проблемот со царините, што во голема мера го предизвика, за да се кандидира повторно за премиер“, рече Трамп на „Трут Соушл“. „Многу забавно да се гледа!“

XS
SM
MD
LG