Линкови за пристапност

Судија отвори пат да се објави извештајот на Џек Смит за случајот на Трамп за 6 јануари


Специјалниот советник поднесе оставка од својата позиција во петокот, откако го предаде својот извештај до јавниот обвинител Мерик Гарланд, откри Одделот за правда.
Специјалниот советник поднесе оставка од својата позиција во петокот, откако го предаде својот извештај до јавниот обвинител Мерик Гарланд, откри Одделот за правда.

Одделот за правда може јавно да го објави својот извештај за случајот за мешање во изборите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во 2020 година, рече федерален судија денес - најновата пресуда во судскиот спор околу очекуваниот документ неколку дена пред Трамп повторно да ја преземе функцијата.

Но, привремената забрана за итно објавување на извештајот останува на сила до вторник, и малку е веројатно дека наредбата на судијката на Окружниот суд на САД Ејлин Канон, ќе биде последниот збор за ова прашање.

Адвокатите на одбраната може да бараат да го оспорат сè до Врховниот суд.

Кенон претходно привремено го блокираше Одделот да го објави целиот извештај за истрагите на поранешниот специјален советник Џек Смит против Трамп, што доведе до два одделни кривични случаи.

Последната наредба на Кенон денес го отвори патот за објавување на извештајот за случајот на мешање на Трамп во изборите во 2020 година.

Таа закажа сослушување за петок за тоа дали Одделот може да им го објави на законодавците обемот за случајот со доверливите документи на Трамп.

Одделот соопшти дека нема јавно да го открие тој обем се` додека кривичната постапка против двајца од обвинетите на Трамп останува во тек.

Смит поднесе оставка од својата позиција во петокот, откако го предаде својот извештај до јавниот обвинител Мерик Гарланд, откри Одделот за правда.

Пресудата, доколку остане, би можела да ја отвори вратата за јавноста да дознае дополнителни детали во наредните денови за на крајот неуспешни напори на Трамп да остане на власт во пресрет на нападите на Конгресот на 6 јануари 2021 година.

Поврзано

XS
SM
MD
LG