Линкови за пристапност

Столтенберг ја посети Украина првпат по инвазијата на Русија


Шефот на НАТО отиде на споменикот за паднатите војници и ја разгледа оштетената руска воена опрема изложена во главниот град Киев
Шефот на НАТО отиде на споменикот за паднатите војници и ја разгледа оштетената руска воена опрема изложена во главниот град Киев

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес беше во ненајавена посета на Украина, што е негова прва посета на земјата по инвазијата на Русија пред повеќе од една година.

Шефот на НАТО отиде на споменикот за паднатите војници и ја разгледа оштетената руска воена опрема изложена во главниот град Киев.

Столтенберг рутински изразуваше поддршка за членките на НАТО кои снабдуваат оружје за да им помогнат на украинските сили, и виде дека големината на Алијансата расте со зачленувањето на Финска овој месец како одговор на инвазијата.

Слична апликација од соседот на Финска, Шведска, беше одобрена од сите членки на НАТО, освен Унгарија и Турција.

Членките на НАТО, Данска и Холандија, денес објавија дека се партнери за купување и обновување на 14 тенкови Леопард 2-А4 за Украина.

Холандското и данското министерство за одбрана соопштија дека тенковите ќе бидат подготвени за испорака до украинските сили на почетокот на следната година.

Данска и Холандија ќе ги поделат трошоците од 180 милиони долари.

Украина побара од сојузниците да обезбедат тешка опрема како што се тенкови за да може да се спротивстави на руските сили.

Договорот за тенкови уследи по вчерашното соопштение на министерот за одбрана на Украина дека во земјата пристигнале системите за воздушна одбрана „Патриот“.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG