Турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на Финска да се приклучи на НАТО, отстранувајќи ја последната пречка од пристапот на оваа нордиска земја во западната воена алијанса.
„Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа протоколот за пристап“, рече Столтенберг денес.
„Финска формално ќе се приклучи на нашиот сојуз во наредните денови“.
Во твитот по гласањето во Турција, Столтенберг рече дека вклучувањето на Финска во алијансата „ќе го направи целото семејство на НАТО посилно и побезбедно“.
Финска и соседна Шведска одлучија да се приклучат кон воениот сојуз откако Русија ја нападна Украина минатата година.
Откако нивните кандидатури за пристап беа ратификувани на самитот на НАТО во јули, земјите-членки на НАТО поминаа низ свои процеси за давање конечно одобрение.
Унгарија ѝ даде одобрение на Финска во понеделникот, оставајќи ја само Турција да остане во процесот што мора да биде едногласен меѓу сегашните членки на НАТО.
Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес