Линкови за пристапност

Путин се подготвува за нови офанзиви и напади, рече Столтенберг


Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир, туку она што го гледаме е спротивното - тој се подготвува за уште војна, рече генералниот секретар на НАТО
Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир, туку она што го гледаме е спротивното - тој се подготвува за уште војна, рече генералниот секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја истакна потребата од обезбедување на Украина со повеќе муниција и комплетирање на ветената испорака на тенкови и друга тешка опрема додека министрите за одбрана на НАТО и претставниците на одбраната од групата украински сојузници предводени од САД се собраа на состаноци во Брисел.

Столтенберг им рече на новинарите дека разговорите доаѓаат во критично време и дека сојузниците „ќе се осврнат на итните потреби за зголемена поддршка за Украина“.

„Следната недела ја одбележуваме првата година од страшната војна во Украина, полноправната инвазија на Русија против Украина“, рече Столтенберг.

„И не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир. Она што го гледаме е спротивното. Тој се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади“.

Столтенберг рече дека изгледите сојузниците да обезбедат борбени авиони за Украина „не е најитното прашање сега, но тоа е тековна дискусија“.

Тој, исто така, рече дека дискусиите за воената помош не се само за обезбедување на Украина со системи што сè уште ги нема, туку и за обезбедување на оние што ги има да функционираат како што треба.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Украина има „итни барања да ѝ помогнат да го исполни овој клучен момент во текот на војната“ и ја повика групата да го интензивира својот фокус.

„Една година подоцна, ние сме обединети како и секогаш, и таа заедничка решителност ќе помогне да се одржи моментумот на Украина во неделите што следат и да ѝ помогне на Украина да го помине предизвикувачкиот пат“, рече Остин.

Украинскиот министер за одбрана Олески Резников беше во Брисел за да учествува во двата сета разговори со цел да ги пренесе потребите на неговата војска.

Тој твитна пред состаноците дека неговата агенда вклучува барање повеќе резерви на муниција, заштита на небото над Украина, обука за украинските сили и стабилност на логистиката и одржување.

Дел од информациите во текстот се од АП, Агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG