Линкови за пристапност

Помошта од една милијарда долари за оружје за Израел на ревизија во Конгресот


Најновиот пакет оружје вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила, изјави едно од официјалните лица за Ројтерс
Најновиот пакет оружје вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила, изјави едно од официјалните лица за Ројтерс

Стејт департментот го стави пакетот помош од една милијарда долари за оружје за Израел во процес на ревизија во Конгресот, изјавија во вторникот двајца американски претставници.

Најновиот пакет оружје вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила, изјави едно од официјалните лица за Ројтерс.

Претседавачите и членовите на Комисиите за надворешни работи на Сенатот и на Претставничкиот дом ги разгледуваат договорите за оружје со странство.

Претседателот Џо Бајден минатата недела рече дека ја одложил испораката на бомби до Израел поради загриженоста дека тие би можеле да бидат искористени за голема инвазија на Рафа, град во јужниот дел на Газа.

Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не го напаѓа Рафа без заштитни мерки за цивилите, седум месеци од војната што ја уништи Газа.

Поддршката на Бајден за Израел во неговата војна против Хамас се појави како политичка одговорност за претседателот, особено меѓу младите демократи, бидејќи тој се кандидира за реизбор оваа година.

XS
SM
MD
LG