Линкови за пристапност

Независност или поништување на автономијата на Каталонија


Лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, се закани дека каталонскиот парламент ќе гласа за независност, ако шпанската влада не прифати дијалог и ја спроведе намерата за укинување на автономијата на регионот.

Премиерот Мариано Рахој му даде на Пуџдемон краен рок до денес, да појасни дали по референдумот кој се одржа претходно месецов, тој всушност веќе прогласил независност.

Пуџдемон минатата недела направи симболична декларација за независност, но рече дека ги прекинува сите формални чекори во корист на дијалогот со Мадрид.

Тој непосредно пред денешниот краен рок писмено го достави својот став.

Од канцеларијата на Рахој реагираа брзо, велејќи дека за во сабота планирале специјален состанок на кабинетот за да се активира членот 155 од Уставот на Шпанија, што и` дава на владата во Мадрид овластување да одземе дел или да ја поништи целосната автономија на Каталонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG