Претседателот на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемон, одговори на денешниот рок, но не појасни дали го продолжи со напорите за отцепување на регионот од Мадрид, сигнализирајќи дека кризата е далеку од завршена.
Шпанската влада, на Пуџдемон му даде рок да се произнесе со едноставно „да“ или „не“.
Во писмо до шпанскиот премиер Мариано Рахој, каталонскиот лидер истакна дека неговиот тим бара суспендирање на иницијалните чекори кон независност, за два месеца и во тој период,, „наша цел ќе биде да започнеме дијалог“, рече тој.
Каталонија на 1-ви октомври организираше референдум, и се изјасни за независност. Пуџдемон претходно кажа дека е подготвен регионот да стане независна држава, и покрај судската одлука дека објавувањето на таков чекор е противуставен.
Каталонија е најнапредниот регион во Шпанија, дом е на 7,5 милиони жители, има свој јазик и специфична култура, и е мошне поделен по прашањето за независност.
Владата на Каталонија вели дека 90 проценти од населението се изјаснило за независност на 1-ви октомври. Бројни противници на чекорот, го бојкотираа гласањето, намалувајќи го одзивот на околу 43 проценти.
Facebook Forum