Линкови за пристапност

САД се соочуваат со кревок светски поредок, велат американските разузнавачи


Извештајот главно се фокусира на заканите од Кина и Русија, најголемите ривали на САД, повеќе од две години откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, како и на ризиците од поширок конфликт поврзан со кампањата на Израел против Хамас во Газа по нападите на 7 октомври
Извештајот главно се фокусира на заканите од Кина и Русија, најголемите ривали на САД, повеќе од две години откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, како и на ризиците од поширок конфликт поврзан со кампањата на Израел против Хамас во Газа по нападите на 7 октомври

Американските разузнавачки агенции денес соопштија дека земјата се соочува со „сè покревок светски поредок“, затегнат од конкуренцијата на големите сили, транснационалните предизвици и регионалните конфликти, во објавениот извештај, додека лидерите на агенциите сведочеа во Сенатот на САД.

„Амбициозна, но вознемирена Кина, конфронтирачка Русија, некои регионални сили, како што е Иран, и поспособните недржавни актери ги предизвикуваат долгогодишните правила на меѓународниот систем, како и приматот на САД во него“, велат агенциите во својот годишен извештај за 2024 година.

Извештајот главно се фокусира на заканите од Кина и Русија, најголемите ривали на САД, повеќе од две години откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, како и на ризиците од поширок конфликт поврзан со кампањата на Израел против Хамас во Газа по нападите на 7 октомври.

Кина обезбедува економска и безбедносна помош за Русија додека води војна во Украина, со поддршка на руската индустриска база, се вели во извештајот.

„Трговијата меѓу Кина и Русија се зголемува од почетокот на војната во Украина, а (кинескиот) извоз на стоки со потенцијална воена употреба се зголеми за повеќе од трипати од 2022 година“, се вели во извештајот.

Аврил Хејнс, директорката на националното разузнавање, ги повика законодавците да одобрат поголема воена помош за Украина.

Таа рече дека е „тешко да се замисли како Украина“ може да ја задржи територијата што ја врати од Русија без поголема помош од Вашингтон.

Таа рече дека е „апсолутно критично“ Конгресот да усвои нацрт-закон со кој ќе се обезбеди нова воена помош од 60 милијарди долари за Киев.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, досега одбиваше да свика гласање за мерката, која помина во Сенатот со кој управуваат демократите.

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, изјави пред Комитетот за разузнавање на Сенатот, дека американското разузнавање оценило оти рускиот претседател Владимир Путин не е сериозен во преговорите за завршување на конфликтот, и покрај економските последици што „брзо ја прават Русија економски вазал на Кина“.

Брнс, како Хејнс, силно побара да продолжи поддршката за Украина за да ја зајакне владата во Киев и да испрати порака до Кина за агресија кон соседите, како што се Тајван или во Јужното Кинеско Море.

Тој рече дека новата американска воена помош ќе му даде на Киев моќ во идните „сериозни“ разговори со Москва.

Според него, Шји Џјинпинг „не очекуваше дека Украина ќе се спротивстави со храброста и истрајноста што ја покажаа Украинците“.

Хејнс ја истакна загриженоста дека конфликтот во Газа меѓу Израел и Хамас може да ја прошири глобалната несигурност.

„Кризата во Газа е остар пример за тоа како регионалните случувања имаат потенцијал за пошироки, па дури и глобални импликации“, рече Хејнс.

Таа ги истакна нападите на Хутите врз бродовите и рече дека милитантните групи Ал Каеда и ИСИС „инспирирани од Хамас“ ги упатиле пддржувачите да извршат напади против израелските и американските интереси.

Откако демонстрант го прекина сослушувањето со извици за потребата да се заштитат цивилите во Газа, Барнс беше прашан за децата во палестинската енклава.

„Реалноста е дека има деца кои гладуваат. Тие се неухранети поради фактот што хуманитарната помош не може да стигне до нив. Многу е тешко ефикасно да се дистрибуира хуманитарната помош освен ако немате прекин на огнот“, рече тој.

XS
SM
MD
LG