Линкови за пристапност

Состанокот меѓу САД и Израел во Вашингтон најверојатно ќе биде на почетокот на следната недела, кажа Белата куќа


Жан-Пјер рече дека претседателот Џо Бајден побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да испрати висок тим од воени, разузнавачки и хуманитарни претставници во Вашингтон, на состаноци во наредните денови за сеопфатни дискусии
Жан-Пјер рече дека претседателот Џо Бајден побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да испрати висок тим од воени, разузнавачки и хуманитарни претставници во Вашингтон, на состаноци во наредните денови за сеопфатни дискусии

Американските и израелските власти најверојатно ќе се сретнат на почетокот на следната недела во Вашингтон за да разговараат за воената операција на Израел во Рафа, изјави денес портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, наведувајќи ја длабоката загриженост за извештаите за неизбежен глад во Газа.

Жан-Пјер рече дека претседателот Џо Бајден побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да испрати висок тим од воени, разузнавачки и хуманитарни претставници во Вашингтон, на состаноци во наредните денови за сеопфатни дискусии.

Деталите сè уште се разработуваат, но средбата најверојатно ќе се случи на почетокот на следната недела, рече таа, додавајќи дека Белата куќа го повика Израел да стори повеќе за да дозволи хуманитарна помош да тече во Газа.

Палестинците се соочуваат со неизбежен глад во северниот дел на Газа од сега до мај, покажа извештај за безбедност на храната, поддржан од Обединетите нации (ОН).

Групите за хуманитарна помош предупредуваа во текот на поголемиот дел од израелската војна против милитантите на Хамас во Газа, дека стотици илјади Палестинци се прегладнети бидејќи премалку камиони со помош се пропуштаат на територијата покрај израелските безбедносни контролни пунктови.

Но, новиот извештај е најконкретниот досега за тешките проблеми со кои се соочуваат жителите на Газа.

Извештајот вели дека гладот може да се случи во секое време во наредните недели, при што се проценува дека 210.000 луѓе во северниот дел на Газа се соочуваат со најкатастрофалната опасност од глад.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече:

„Ова е катастрофа целосно предизвикана од луѓе“.

Тој рече дека извештајот покажува оти е потребен „итен хуманитарен прекин на огнот“.

„Ги повикувам израелските власти да обезбедат целосен и неограничен пристап за хуманитарни стоки низ Газа и меѓународната заедница целосно да ги поддржи нашите хуманитарни напори. Мора да дејствуваме сега за да го спречиме незамисливото, неприфатливото и неоправданото“, рече Гутереш.

Пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на израелската контраофанзива во Газа, ОН процениле дека 1% од населението на територијата се соочувало со акутна неисхранетост.

Но, во извештајот се вели дека бројката се зголемила на дури 9,1 отсто во јануари и 16,5 отсто во февруари, при што децата помали од две години се погодени во уште поголем број, до 29,2 отсто од населението.

Дел од информациите се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG