Линкови за пристапност

Со свеќи во рацете и минута молчење: Одвај десетмина на протестот „Правда за Вања и Панче“


Десетмина возрасни и две деца дојдоа на протестот во Градскиот парк во Скопје
Десетмина возрасни и две деца дојдоа на протестот во Градскиот парк во Скопје

Им благодарам на овие луѓе кои се појавија на овој протест. Но, не се доволни да го променат македонскиот правен систем, рече Нермина Кочан, која беше меѓу малкумината граѓани на протестниот собир.

Десетмина возрасни и две деца дојдоа на протестот во Градскиот парк во Скопје кој беше најавен како изразување граѓанско незадоволство и барање правда против извршителите на убиствата на ученичката Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Протестот се најавуваше на социјалните мрежи, а официјално немаше најавен организатор.

Малкумината граѓани својот револт го изразија до држење запалени свеќи во рацете и оддавање почит кон Вања и Панче со минута молчење.

Протест во парк, Правда за Вања и Панче
Протест во парк, Правда за Вања и Панче

„Им благодарам на само 12 луѓе овде, кои се појавија на овој протест. Дванаесетмина не се доволни да го променат македонскиот правен систем, кој е целосно деструктивен“, рече Нермина Кочан, која беше меѓу малкутемина граѓани на протестниот собир.

Им благодарам на само 12 луѓе овде, кои се појавија на овој протест. Дванаесетмина не се доволни да го променат македонскиот правен систем
Нермина Кочан, учесничка на протестот

Меѓу присутните имаше и членови од политичката партија Европско граѓанско движење. Рекоа дека не се организатори на настанот и дека на собирот дошле како граѓани.

„Жал ми е што само толку малку луѓе дојдоа денеска да изразат незадоволство што таков монструозен чин е направен. Требаше да има многу повеќе, зашто сепак станува збор за невин живот, за младо дете. Ако за вакви работи не се крене гласот, ако не се протестира, за жал, ќе ни се повторат. Сепак праќаме една голема порака, дека против ваквите случаи треба да се протестира на многу повисоко ниво и да се реагира превентивно“, рече Селами Саити, Генерален секретар на Европско граѓанско движење.

Оливер Спасовски - Упасен е Љупчо Палевски - Палчо
Оливер Спасовски - Упасен е Љупчо Палевски - Палчо

Главниот осомничен за убиствата на ученичката Вања и на пензионерот Жежовски е Љупчо Палевски. Тој беше уапсен во Турција, а Јавното обвинителство по брза постапка испрати барање до турските власти за негова екстрадиција во земјава.

Кривична пријава за доби и Стефан Димковски, сопартиецот на Палевски, и тоа за помагање бидејќи со возило го однел главниот осомничен од Белград до Баликесир во Турција. Димковски беше уапсен при преминување на грчко-македонската граница.

Осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Во притвор се веќе четворица осомничени, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски.

Ако за вакви работи не се крене гласот, ако не се протестира, за жал, ќе ни се повторат
Селами Саити, Европско граѓанско движење

Претседателот Стево Пендаровски ги критикуваше поединците политичари кои се обидоа да соберат поени на оваа трагедија и ставија етнички предзнак на злосторот и случајот.

„Мислам дека кај таквите профили, ај да ги наречам луѓе политичари не помагаат апели, мислам дека тоа не допира до нивната свест, така се скроени и така мислат дека треба да се води политиката а е исклучително опасно во Македонија со ваква внатрешна етничка и религиска структура да се поигруваш со говор на омраза“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Книга на жалоста за Вања Ѓорчевска
Книга на жалоста за Вања Ѓорчевска

Според обвинителството, Палевски, Кешишов, Маневски и Видевски на 22 ноември дошле во неговиот дом во Велес за да му го земат автомобилот кој им бил потребен за да го користат при киднапирањето на Вања. Откако тој одбил, го нападнале, врзале и ликвидирале. Телото го закопале во близина на селото Рудник.

На 27 ноември утрото ја грабнале Вања Ѓорчевска. Ја ставиле во багажникот од „цитроенот“ на веќе убиениот Жежовски. Што не било според планот и зошто четиринаесет годишното дете било ликвидирано по само неколку часа ќе даде одговор истрагата. Телото на Вања беше пронајдено во атарот на селото Бразда вло близина на Скопје, каде што беа пронајдени и остатоци од запаленото возило „цитроен“.

XS
SM
MD
LG