Линкови за пристапност

Обвинителството отвори истрага и бара притвор за човекот кој го пренесе Палевски од Србија во Турција


СКОПЈЕ – Стефан Димковски, сопартиецот на Љупчо Палевски осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ќе одговара за помагање бидејќи со својот џип го однесе од Белград од Баликесир каде беше и уапсен.

„Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил. Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, соопштија од Обвинителството.

Димковски е изведен пред судија на претходна постапка а Обвинителството бара притвор.

Во врска со адвокатот на Палевски кој го пренесе до Белград а кој вчера попладне беше на распит во полициска станица, од Обвинителството соопштија дека засега нема да отвараат истрага.

XS
SM
MD
LG